За нас

НАШАТА КОМПАНИЈА

Примарна дејност на ЕЛЕВКОМ д.о.о. Скопје е испорака, монтажа и сервисирање на сите видови лифтови, лифтовски платформи и ескалатори.

Процесот на изведба на една лифтовска постројка поминува низ голем број фази. За секоја одделна фаза е потребен стручен и образуван, со еден збор компетентен кадар. Секој дел од нашиот тим е посветен на извршувањето на својот дел од процесот да биде на високо професионално ниво.

Набавката и монтажата на еден лифт започнува од продажбата на опремата. Нашите комерцијалисти ги согледуваат потребите на инвеститорите, препорачуваат најсоодветна опрема за секој поединечен објект и ги договараат сите детали на идната соработка.

По дефинирањето на сите технички детали, проектантскиот тим ја реализира проектната задача според најновите стандарди и прописи преку кои се обезбедува максималната безбедност, економичност и функционалност на новиот лифт.

Според изведената проектна документација, секторот за набавка врши нарачка на соодветна квалитетна опрема од реномирани добавувачи од неколку европски земји. Квалитетот и реномето на производителите ја гарантираат навремената подготовка и испорака на опремата, како и за максималниот квалитет на завршниот комплетен продукт – лифт кој ќе ги задоволи сите технички и безбедносни барања на инвеститорот и овластените институции пред пуштањето во редовна експлоатација.

По извршената набавка, опремата се складира во нашиот магацин и се распоредува, испорачува и транспортира на објекти според претходно направена динамика заради квалитетно и навремено извршување на работите прилагодено на соодветната динамика на објектот и барањата на инвеститорот.

Лифтовските компоненти на објекти ги вградуваат стручните и искусни монтерски екипи. Монтажата се врши според барањата на коминтентите, меѓутоа и со максимално почитување на сите важечки прописи и стандарди. По завршувањето на целосната монтажа на опремата, испитувањето на комплетната постројка од страна на овластено инспекциско тело и обезбедувањето на сите потребни пратечки документи кои го придружуваат лифтот во текот на експлоатацијата, лифтот се предава во редовна употреба.

Од тој момент, грижата за неговото беспрекорно и безбедно функционирање ја превзема нашата сервисна служба. Нашите сервисери ја вршат редовната месечна контрола, сервисирање и одржување на секој лифт поединечно заради обезбедување на сигурноста на корисниците, но и сведување на појава на дефекти на најниско можно ниво. Меѓутоа, доколку сепак се појави определен дефект, нашата мобилна сервисна служба во секој момент е подготвена во најкус можен рок да го отстрани и да го оспособи лифтот за понатамошна употреба. Нашите искусни сервисни екипи ги одржуваат сите типови на лифтови од нашата програма, но исто така и опремата на сите останати испорачатели на опрема без оглед на годината на производство.

По определен животен век на компонентите на лифтот, се јавува потреба од делумна или целосна модернизација и извршување на ремонт на постројката. Овие реконструкции и адаптации се вршат со претходно обезбедување на детално техничко решение прилагодено кон најновите стандарди, но и кон финансиските можности на инвеститорите во постоечките, најчесто по неколку децении стари објекти.

Горе наведените активности кои ги извршуваат нашите вработени од сите сектори, придонесуваат кон нашата крајна и секогаш мотивирачка цел – еден од најважните уреди во секој објект и во исто време превозно средство кое најчесто се користи во текот на денот, секогаш да биде во функција и максимално безбедно. Од друга страна, нашата цел е, освен еднаш во текот на еден календарски месец поради редовната месечна контрола и сервис, корисниците што поретко да ги гледаат нашите сервисери во своите објекти. Како резултат на оваа посветеност на вработените, нашите лифтови, платформи и ескалатори се со многу мал број дефекти и застои и во секое време функционални и безбедни на големо задоволство на сите наши коминтенти.