ЗОШТО ДА НЕ ОДБЕРЕТЕ НАС

 

Долгогодишно искуство на основачите и вработените (од 1998. год.) во областа на проектирањето, монтажата и сервисирањето на лифтови и ескалатори

– Нашите клиенти ја добиваат целосната поддршка за сите нивни барања во врска со вертикалниот транспорт во нивните објекти. Почнувајќи од идејното решение и дизајнот, преку изведбата на комплетната проектна документација, нарачката и набавката на опремата, нејзината квалитетна монтажа, а по извршеното примопредавање, квалитетно одржување без дефекти и застои во текот на долгогодишен период на експлоатацијата

– Нашите лифтови секогаш се прилагодени на точната намена и типот на објектот. И покрај тоа што сите компоненти се изработени според најновите стандарди, секој новоизработен и монтиран лифт е уникатен на свој начин, како што и сите градежни објекти се подготвени според индивидуалните барања на инвеститорите и корисниците

– Патничките лифтови се пресметани и подготвени за потребната фреквенција на движење на корисниците без непотребни задржувања и чекања, додека товарните обезбедуваат брз и ефикасен транспорт на сите видови товар

– Изведуваме модернизација според најновите стандарди на постоечките лифтови во станбени и деловни згради прилагодена на желбите и барањата на самите сопственици и корисници, без оглед на производителот и годината на производство на вградената опрема

– Вршиме сервис и одржување на лифтови и ескалатори независно од типот и производителот на опремата

– Брза и професионална 24-часовна услуга во текот на целата работна недела, како и во деновите на викенди и празници

– Посебно внимание посветуваме на лифтови и платформи за хендикепирани лица и објектите од овој тип секогаш ни се приоритетни заради обезбедување на беспрекорно, безбедно и сигурно функционирање

– За секој проект, од најмалите поправки до најсложените ремонти и монтажи на комплетните постројки, од најмалите лифтови за превоз на храна до најголемите за превоз на возила и големи товари, од објекти со две станици до згради со дваесет и повеќе катови, целосно ги почитуваме сите правни норми и стандарди во Република Македонија или на територијата на вградувањето на опремата